Настани
  1. Heading 3

    „Јадро во Струга, Охрид и Битола“
    Асоцијацијата на независната културна сена - ЈАДРО во акција во нови три града во нашата земја. Во мисија да го рашириме гласот за нашата визија и да поканиме да ни се вклучат што повеќе актери од локалните независни сцени, овој викенд ќе ги посетиме Струга, Охрид и Битола. 

    Распоред:

    21.10.2012 (недела), 12:00ч., Пошка Театар, Струга
    Презентација на ЈАДРО, во соработка со Пошка Театар од Струга


    21.10.2012 (недела), 15:00ч., Локацијата ќе биде утврдена денес, Охрид
    Презентација на ЈАДРО, во соработка со Медиаартес од Охрид


    22.10.2012 (понеделник), 13:00ч., МКЦ Битола, ул. Цар Самуил бр. 29, Битола
    - Презентација на ЈАДРО во соработка со МКЦ Битола, АКТО, Елементи, Независна театарска продукција Интимен театар
    - Отворена дискусија на тема: Состојбата на независната кулутрна сцена во Битола (предизвици, проблеми и алтернативни решенија)
    - Неформално дружење


  2. 29 септ.
    2013
    „Исчезнатиот двор” - интервенции во јавен простор
    „Исчезнатиот двор“ е настан кој има цел да понуди нови можни содржини во локалната заедница, да стимулира учество на граѓаните во „дизајнирањето” на нов квалитет на секојдневието преку размена на различни социо-културни потреби на животниот стил, кои се разликуваат од оние понудени од пост-транзициската наезда на владеење со општеството и со капиталот. 
    28 март

    2013
    „Културни политики или список на теснопартиски интереси – критериуми, приоритети, механизми на одлучување и финансиска транспарентност“
    Панелисти на дебатата се: Оливер Белопета, Роберт Алаѓозовски и Ѓунер Исмаил
    Модераторка: Александра Бубевска

    На дебатата се поканети да земат учество претставници на Министерството за Култура на Република Македонија, претставници на политичките партии, претставници на културните институции, експерти од областа на културата, уметници и претставници на независниот културен сектор.


    9 март 2015
    „Иницијатива за формирање на првата институција на јавно-цивилно партнерство” - јавна расправа и презентација
    На јавната расправа ќе биде презентирана политичката и економската оправданост на овој модел, а на која ќе земе учество широк фронт на претставници од граѓанскиот сектор, уметници, културни работници и други заинтересирани страни, како и преставници на локалната самоуправа и централните власти.
    6-8 дек.
    2012
    На овој настан ќе биде промовирана работата на членките на ЈАДРО коишто се дел од Независната културна сцена во Република Македонија. На настанот покрај програмските активности, големо внимание ќе биде посветено на градењето и прикажувањето на архивата на организациите и индивидуалците вклучени во ЈАДРО коишто во изминативе 20тина години активно работат на независната сцена.

    7 дек.

    2012
    „Барајќи го зборот / Në kërkim të fjalës“
    Во склоп на тридневната акција на ЈАДРО – Асоцијација на независната културна сцена “Оправдано присутни – искуства на слободата” се организира читање “Барајќи го зборот”.
    Секој може да прочита песна или расказ по избор. На крајот, да избере збор што мисли дека е клучен за неговата песна или расказ и да го запише. Креативноста е на наша страна! :)

    --

    Në kuadër të akcionit treditor të JADRO - Asociacioni i skenës së pavarur kulturore: Të pranishëm me arsye - përvojat e lirisë, organizohet leximi “Në kërkim të fjalës”, leximi mbahet me 07 dhjetor në ora 20.00 në lokalin në bul. Kliment Ohridski nr.23, Shkup.


    1 дек.

    2012
    „ЈАДРО на 103ка” 
    Викенд на Канал 103 посветен на независната културна сцена инициран од ЈАДРО 

    ПРОГРАМА

    12.00-12.40 – Вовед со Ѓорѓи Јаневски и Виолета Качакова 

    12.40–13.10 – Презентација на ЈАДРО – Асоцијација на независната културна сцена
    Водител: Ѓорѓи Јаневски
    Гости: Рамадан Рамадани и Биљана Тануровска -Ќулавковски 

    13.10-13.45 Разговор со Игор Тошевски 
    Водител: Елена Вељановска

    13.45-14.30 Разговор со Мирко Попов и Никола Гелевски 
    Водител: Елена Вељановска

    14.30-16.00 Дискусија на тема “Јавни простори” 
    Модератор: Виолета Качакова
    Поканети гости: Златко Стефковски, Искра Гешоска, Русе Арсов, Јане Чаловски, Анита Ивковиќ.