6-8 декември2012

“Оправдано присутни- Искуства на слободата”
[настан за нула јавни пари]

Оправдано присутни – искуства на слободата е тридневна акција во рамки на која Јадро ќе направи своевидно резиме на активностите, продукцијата и улогата на независниот културен сектор во Република Македонија. Со овој настан членовите на Јадро, но и сите останати претставници на независниот културен сектор кои се вклучени во градењето на исклучително важен сегмент од социо-културниот контекст, ќе потсетат дека низ искуството на слободата и низ својата посветена работа, успеале да остават печат и да влијаат врз демократизацијата на културата, уметноста и општетсвото. Независниот културен сектор е оправдано присутен иако не доволно поддржан од креаторите на политики во независна Македонија. Затоа, овој тридневен настан го гледаме и како јавен застапувачки чин во битката за опстојувањето на независниот културен сектор.
На овој настан ќе биде промовирана работата на членките на ЈАДРО коишто се дел од Независната културна сцена во Република Македонија. На настанот покрај програмските активности, големо внимание ќе биде посветено на градењето и прикажувањето на архивата на организациите и индивидуалците вклучени во ЈАДРО коишто во изминативе 20тина години активно работат на независната сцена. 


ПРОГРАМА НА НАСТАНОТ

6 декември 2012 (четврток)

20:30 – 22:00
• Претставување на ЈАДРО – Асоцијација на независната културна сцена 
• Настап на Распеани скопјани 
• Тура низ 20 годишното постоење на независната културна сцена 
• Музика Мирко Попов 

7 декември 2012 (петок)

11:00 – 14:00 Работилница* за секого “Импровизација во перформанс” со Кире Миладиноски
18:00 – 20:00 Презентации на проекти на З.У. Продукција, Скопје
20:00 – 21:00 “Барајќи го зборот”, поетско читање конципирано од Рамадан Рамадани
21:00 – 23:00 “Вкусови на слободата”, готвење во живо конципирано од ХНУ (Истражувачко студио за храна, наука, уметност)
21:00 – 00:00 Слушачка промоција на новиот албум на PMG Kolektiv – “Klan secular” [PMGRecordings079]


8 декември 2012 (сабота)

13:00 – 15:00 Работилница* за секого “Креирање културни програми за заедниците: подготовка, финансирање и реализација на културен проект” со Никола Писарев и Виолета Качакова
17:00 – 18:00 Презентација на проекти на Тиит!
18:00 – 20:00 “5 минути независност”, перформативен настан конципиран од Ивана Васева, Филип Јовановски и Јованка Попова во контекст на просторната инсталација „За независните – според вистински приказни“, авторски проект на Христина Иваноска и Јане Чаловски
20:00 – 21:00 “Ментално едрење низ јавниот простор, цивилноста, насилството и активизмот”, разговор со Ирена Цветковиќ и Жарко Трајаноски
21:00 – 23:00 “Вкусови на слободата”, готвење во живо конципирано од ХНУ (Истражувачко студио за храна, наука, уметност)
21:00 – 00:00 Аудио колаж: “Канал 103 - 20 години слободни” со Давид Ангелевски и Ѓорѓи Јаневски


Во собата за приказни ќе биде поставена просторната инсталација „За независните – Според вистински приказни“, авторски проект на Христина Иваноска и Јане Чаловски. Околу инсталацијата ќе биде распространета видео и печатената архива на независната културна сцена. Во видео аголот преку целиот ден ќе се прикажува избор на видеа во селекција на Локомотива, Лајн иницијатива и движење, Проектен простор прес ту егзит, Контрапункт и филмот “Ако никој не свири” на Ѓорѓи Јаневски. Низ просторот ќе бидат претставени: Кооперација, Стрип центар на Македонија - Велес, Билјана Клекачкоска и Бојана Грујовска.