Критериуми за членство​
Заинтересираните кандидати можат да се пријават било кога во текот на годината, а дополнитело ќе бидат известени за датумот на избор на нови членови. Слободно испратете пријава со мотивација зошто сакате да станете дел од Јадро и кои од долунаведените критериуми ги исполнувате на jadro.nks@gmail.com. 

Општи критериуми за членство на организации, неформални групи и самостојни членки 

Активности на членките

1) да реализирале програмски активности во полето на културата најмалку две години пред пристапувањето во Асоцијацијата
2) да ги прифаќа вредностите, целите и Статутот на Асоцијацијата
3) Собранието на Асоцијацијата мора со двотретинско мнозинство од присутните членови со право на глас да се согласи со приемот на новите членови во Асоцијацијата

ДОПОЛНИТЕЛНИ КРИТЕРИУМИ ЗА ПОЕДИНЦИ

1) да реализирал/а програмски активности во полето на независната култура најмалку три години пред пристапувањето во Асоцијацијата
2) да водел/а или учествувал/а во водење на најмалку пет проекти релевантни за унапредување на независната култура во Македонија

ПРАВАТА НА ЧЛЕНОВИТЕ НА АСОЦИЈАЦИЈАТА СЕ:

​1) да учествуваат во активностите на Асоцијацијата
2) да предлагаат активности, проекти и програми на Асоцијацијата
3) да учествуваат во процесите на разгледување и донесување одлуки на состаноците, седниците и Собранијата на Асоцијацијата
4) да предлагаат, бираат и бидат бирани за членови на управувачките тела на Асоцијацијата
5) да бидат информирани за работата на Асоцијацијата и нејзините тела и преку Асоцијацијата да ги пласираат своите информации, програми и иницијативи
За исполнувањето на условите одлучува Собранието на Асоцијацијата кое ја донесува одлуката за прием со статус на член на Асоцијацијата на редовно, вонредно или електронско собрание. Процесот на регистрација го води претседателот на Управниот одбор на Асоцијацијата.

*АСОЦИЈАТИВНО ЧЛЕНСТВО:
Асоцијативното членство се однесува на оние членови коишто не ги исполнуваат сите критериуми за прием, но имаат потенцијал за да ги исполнат во период од една година. Асоцијативните членки имаат право на присуство на сите состаноци на собранието и коментари во дискусијата, но немаат право на глас. Доколку во период од една година ги исполнат критериумите за членство стануваат полноправни членови. Доколку асоцијативните членки не ги исполнат критериумите за прием како полноправни членки во период од една година тогаш на следното редовно собрание се разгледува нивниот статус во Асоцијацијата.