Во рамки на овогoдишното собрание на Кооператива – Регионална платформа за култура, организраме два јавни настани околу различните динамики на соработка и продукција во контекст на регионалната независна сцена. Јавната програма ќе се одвива во Музејот на современата уметност во Скопје.
Тркалезната маса под наслов Перспективи на институционалната рамка за соработка во културата во регионот, планирана за четврток, 7 декември, во 17:30 часот, ќе ги обедини видувањата на Роберт Алаѓозовски, Министер за култура на Република Македонија, Теодор Целаковски, член на Управниот одбор на Кооператива и Предграг Цветичанин, директор за Емпириски студии на Југоисточна Европа. Дискусијата ќе навлезе во суштината на практиките развиени во рамки на мрежата и ќе ги разгледа можностите на градење на одржливост во размената и соработката помеѓу сите засегнати во незавинсниот културен сектор во регионот.

За панел дискусијата под наслов Социо-културни центри во регионот - искуства и перспективи за регионална соработка ќе се одржи во петок, 8 декември, во 18:00 часот, предвидено е да се чујат расмилувањата на претставници на културните мрежи од регионот. На панелот со кој претседава Милица Пекиќ, член на Управниот одбор на Кооператива и основач на Киоск - Платформа за современи уметности, ќе учествуваат Јадранка Плут од словенечката мрежа Асоцијација која ќе претстави два различни модели на институции развиени во Словенија, Лука Кнежевиќ-Струка од Независна културна сцена на Србија кој ќе разговара за моделот на културниот центар Магацин, Јане Чаловски претседател на македонската мрежа Јадро – Асоцијација на независната културан сцена, кој ќе зборува за моделот на цивилно-јавно партнерство конкретно преку примерот на Културно-социјалнот простор Центар-Јадро во Скопје основан од Општина Центар и Јадро, додека Томислав Медак, член на управниот одбор на операцијата Градска мрежа ќе го претстави Погон - Загребски центар за независна култура и младина, исто така пример на цивилно/јавно партнерство. Целта на панелот е да се поттикне размена на знаења и практики за развивање на различни модели на ко-владеење во новите институционални рамки.

Кооператива - Регионална платформа за култура е регистрирана во август 2012 година во Загреб, како невладинo, непартиско и непрофитно здружение на правни лица. Тaа е регионална мрежа на организации кои работат на полето на независна култура и современа уметност во Југоисточна Европа. Кооператива заеднички ја основаа 21 независна културна организација од земјите во регионот: Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска, Косово, Македонија, Словенија и Србија, активни во сите области на современата културна и уметничка практика.
Кооператива е основана со цел да се создаде долгорочна и одржлива рамка за соработка и развој на независни културни организации во Југоисточна Европа. Во согласност со основната цел на нејзиното основање, Кооператива работи на зајакнување на капацитетот на независните културни организации преку пренесување на добри практики и знаења; зајакнување на актерите кои придонесуваат за развој на културните политики во регионот; и создавање на услови за континуирано спроведување на заеднички проекти меѓу независните културни организации кои работат во различни земји од Југоисточна Европа.

ПРОГРАМА:

Четврток, 7.12. 2017

- 17:30 - 19:00 - Тркалезна маса: Рамка за институционализација на соработката во регионот - Учесници: Роберт Алаѓозовски (Министер за култура на Република Македонија), Теодор Целакоски (Kooperativa - член на Управниот одбор), Предраг Цветичанин (социолог уметност, Центар за емпириски културни студии на Југоисточна Европа)

Петок, 8.12. 2019
- 18:00 - 19:30 Тркалезна маса: "Социјално-културни центри во регионот - искуства за развој и регионална соработка" Учесници: Јане Чаловски (ЈАДРО, Македонија), Јадранка Plut (Асоцијација, Словенија), Томислав Медак (Операција Град, Загреб), Лука Кнежевиќ Strika (ICS, Белград) Модератор: Милица Пекиќ (член на Коалиција - член на Управниот одбор)

http://platforma-kooperativa.org/en/home/
"Participatory Governance in Culture: ExploringPractices,Theories and Policies. DO IT TOGETHER."
22-24 ноември 2017 година во Риека, Хрватска.
 
Во Риека во периодот од 22 до 24 ноември, 2017 година се одржа интернационална конференција насловена "Партиципативно управување во културата: Истражување на практики, теории и политики. Да направиме заедно".  На конференцијата како претставник на Јадро - Асоцијацијата на независната културна сцена, зема учество Јованка Попова која направи претставување на мисијата, делувањето и активностите на асоцијацијата.
Конференцијата беше организирана од Фондацијата Култура Нова во партнерство со Риека 2020 ДОО,  во соработка со Европската културна фондација, и поддршка на регионалниот меѓувладин форум на Централноевропската иницијатива. Конференцијата беше дел од проектот "Пристапи кон учеството во управувањето со културните институции" поддржан од Меѓународниот фонд на УНЕСКО за културна разновидност.
 
Темата на партиципативно управување станува важна поради фактот што традиционалното јавно управување и пазарно ориентираните системи за управување се повеќе се покажаа како несоодветни да одговорат на сложените реалности на политичките предизвици и тековните трансформации во социо-економското опкружување, опфаќајќи ги потребите на културното професионалци и уметници, публика и локални заедници. Конференцијата има за цел да покрене прашања поврзани со предизвиците, ограничувањата, парадоксите и перспективите со кои се соочуваат практики и политики се повеќе се соочуваат поврзани со концептот на партиципативно управување во културата. Со цел да се разбере значењето и улогата на партиципативното управување во културата, важно е да се истражат: промените во социополитичкиот контекст, културните и социјалните ефекти на новите модели на управување, начините и нивоата на вклученост на сите релевантни засегнати страни во процесите на донесување одлуки и (ре) организацијата и релевантноста на нивните улоги.
 
На конференцијата присуствуваа научници, истражувачи, теоретичари, културни работници, уметници, активисти, креатори на политики и носители на одлуки од целиот свет, покривајќи широк спектар на дисциплини - антропологија, архитектура, уметност, уметност и културен менаџмент, културна политика студии, студии по културни студии, студии за развој, економија, правни студии, филозофија, политички науки, урбанизам и просторно планирање, социологија итн. Оттука конференцијата претстави интердисциплинарни методи за пристап до нови информации, отвори дискусија за различни практични, теоретски и политички пристапи и значења на партиципативно управување во различни геополитички и социјални контексти и генерирање нови идеи за интеграција на овие практики во постојната рамка на културни и други релевантни политики.
 
http://conference.participatory-governance-in-culture.net/

„Дебати на тема Национална стратегија за култура
2018-2022“

Настан #005: Во соработка со ИНКА и Креативни и Активни - Струга

Датум: 24.11 2017 година (петок)
Почеток: 13:00 часот 
Место: „Спомен дом на Браќа Миладиновци“ на ул. Браќа Миладиновци-Струга
Модераторка на дебатата: Александра Бубевска

Покана за јавна расправа за нацрт-стратегијата за културен развој 2018-2022

Здруженијата, ИНКА и Креативни и Активни од Струга, како локални партнери на Асоцијацијата на независната културна сцена ЈАДРО и Здружение за култура ТРАНЗЕН, Ве покануваат на јавна расправа за нацрт-стратегијата за културен развој 2018-2022.

Настанот ќе се реализира на 24.11 2017 година (петок) со почеток во 13.00 часот во изложбениот салон во „Спомен дом на Браќа Миладиновци“ на ул. Браќа Миладиновци Струга.

Општата расправа за документот ќе ја отвори претставникот од Министерство за култура Решад Ахмети, советник за култура а како претстваник од независната културна сцена во работната група за криерање на новата стратегија, излагач ќе биде Искра Гешоска. Други излагачи на расправата се: Донка Барџиева (висок советник за културно наследство ) д-р Небојша Вилиќ, професор по историја на уметност на ФДУ, ликовен критичар и теоретичар, Џејми Хајредини од секторот за култура на Општина Струга, и Милован Шутиноски, културен работник -Етнолог од Струга. Расправата ќе ја модерира Александра Бубевска.

Во првиот дел ќе биде претставена подобрената првична верзија на нацрт – стратегијата, после што ќе се поведе општа расправа во интеракција со претставници од институциите, граѓанските организации и граѓаните, за системската поставеност, главните аномалии, за сегашната поставеност на системот на културни установи и за тоа дали е потребна нова инфраструктура и институции. 

Вториот панел ќе биде посветен на локалниот контекст, со наслов СТРУГА (НЕ)КРЕАТИВЕН ГРАД и тоа во две насоки: (Светско) културно (и природно) наследство и современа културна сцена во Струга, а имајќи ги како акцент насоките во нацрт стратегијата за културен развој – за децентрализација, инфраструктура, интеркултура и инклузија. 

Помеѓу дискусиите е предвидена кафе пауза, а по завршувањето на расправата е организиран коктел.
Расправата е дел од циклусот јавни расправи кои се одржаа во Скопје и во други градови со цел поголемо вклучување на засегнатите страни во креирањето на стратегијата за културен развој. Имплементатори се Јадро - Асоцијација на независна културна сцена и Здружение за уметност и култура Транзен Струмица, финансирани од ФООМ и УСАИД а со подршка на Министерство за култура како и локалните партнери. 

Со цел поквалитетно и конструктивно вклучување во распаравата во прилог на оваа објава е прикачена втората верзија на Нацрт стратегијата за културен развој 2018 – 2022 година. ( http://kultura.gov.mk/index.php/odnosi-so-javnost/soopstenija/3193-nacrt-strategija-za-kulturen-razvoj-2018-2022-vtor-neoficijalen-tekst-nelektorirana-verzija )

-------------------------------------------------------------------------------------------

Ftesë për debat publik për draft strategjinë për zhvillim kulturor
2018-2022


Shoqatat, Kreativ dhe Aktiv dhe INKA nga Struga, si partnerë lokalë të Asociacionit të Pavarur për skenë kulturore JADRO dhe Shoqata për kulturë TRANZEN, Ju ftojmë në debat publik mbi draft strategjinë për zhvillim kulturor 2018-2022 të Ministrisë së Kulturës.

Evenimenti do të mbahet më 24 nëntor 2017 (e premte) duke filluar nga ora 13.00 në sallën e ekspozitës në "Shtëpinë përkujtimore të Vëllezërve Miladinovci" me adresë rr. Vëllezërit Miladinovci Strugë.

Pjesën e debatit të përgjithshëm të dokumentit do ta hap përfaqësuesi i Ministrisë së Kulturës Reshad Ahmeti, këshilltar për kulturë dhe si përfaqësues i skenës kulturore të pavarur në grupin punues për përpilimin e strategjisë së re, panelist do të jetë Iskra Geshoska. Panelistë tjerë në debat do të jenë: Donka Barxhieva (këshilltar i lartë për trashëgiminë kulturore), Dr. Nebojsha Viliq, profesor i historisë së artit në FDA, kritik arti dhe teoricient, përfaqësues të lartë nga Komuna e Strugës dhe Milovan Shutinoski, punëtor kulturor -Etnolog Strugë. Debatin do ta moderojë Aleksandra Bubevska.

Në pjesën e parë të debatit do të prezantohet versioni i përmirësuar fillestar i draft strategjisë, pastaj do të hapet debati për diskutim mes përfaqësuesëve të institucioneve, organizatave civile dhe qytetarëve , për vendosje sistematike, anomalitë kryesore të sistemit aktual të institucioneve kulturore dhe për të njëjtën nëse është e nevojshme infrastrukturë dhe institucione të reja.

Në pjesën e dytë të panelit fokusi do t'i kushtohet kontekstit lokal, i titulluar STRUGA QYTET (JO)KREATIV në dy drejtime: trashëgimia kulturore (botërore) (natyrore) dhe skena bashkëkohore kulturore në Strugë, duke pasur parasysh udhëzimet në draft strategjinë për zhvillim kulturor - për decentralizim, infrastrukturë, interkulturalizm dhe përfshirje. 

Mes dy pjesëve të debatit publik është e paraparë pushim për kafe, kurse pas përfundimit të debatit është paraparë koktel.

Ky debat publik është pjesë e ciklit të debateve publike që u realizuan në Shkup dhe qytete tjera në Maqedoni gjatë dy muajve të fundit, me qëllim përfshirjen më të madhe të palëve të interesit në krijimin e strategjisë për zhvillim kulturor.

Realizues të debateve publike janë Asociacioni iPavarur për skenë kulturore JADRO dhe Shoqata për art dhe kulturë TRANZEN Strumicë, financuar nga Fonadcioni Shoqëri e Hapur-Maqedoni dhe USAID, me mbështetje të Ministrisë së Kulturës si dhe partnerët lokalë.

Për të pasur diskutim më cilësor dhe konstruktiv, të bashkangjitur kësaj ftese ju dërgojmë versionin punues më të fundit të Strategjisë për Zhvillim Kulturor 2018-2022. 

( http://kultura.gov.mk/index.php/odnosi-so-javnost/soopstenija/3193-nacrt-strategija-za-kulturen-razvoj-2018-2022-vtor-neoficijalen-tekst-nelektorirana-verzija )

Настан #004: Во соработка со Културен центар Медиа Артес- Охрид

Датум: 23.11 2017 година (четврток)
Почеток: 12:00 часот 
Место: Сала за семинари во хотелот "Ривиера", Кеј Македонија бр.4, Охрид
Модераторка на дебатата: Александра Бубевска

Во Охрид расправата ќе ја отвори претставник од Министерството за култура, по што ќе следи претставување на унапредената верзија на нацрт – стратегијата, како и општа расправа за системската поставеност, главните аномалии, за сегашната поставеност на системот на културни установи и за тоа дали е потребна нова инфраструктура и институции.

Излагачи се:

  • Донка Барџиева (висок советник за културно наследство на Министерот за култура) 
  • Искра Гешоска, (претставик на Јадро која е член на работната група при Министерство за култура)
  • Никола Гелевски (независен издавач и автор, активист и уредник на потралот Окно)
  • Дејана Николовска (театарски режисер)
  • Илина Арсова (независен уметник и активист)

Проектот „Дебати на тема Национална стратегија за култура 2018-2022“ го имплементира Јадро – Асоцијација на независна културна сцена во партнерство со своите членки МКЦ – Битола, Стрип центар на Македонија – Велес, К.Ц. Медиа Артес-Охрид и ИНКА – Струга. Проектот е финансиран од Фондација Отворено општество – Македонија (ФООМ) а се реализира во соработка со Министерството на Култура на Република Македонија. 

Со цел поквалитетно и конструктивно вклучување во распаравата присутните е пожелно да се запознаени со содржината на унапредената верзија на „Нацрт стратегијата за културен развој 2018 – 2022“ година, која може да се најде на веб-страницата на Министерството за култура (
http://kultura.gov.mk/index.php/odnosi-so-javnost/soopstenija/3193-nacrt-strategija-za-kulturen-razvoj-2018-2022-vtor-neoficijalen-tekst-nelektorirana-verzija )

Локален координатор и лице за контакт: Јасмина Билаловиќ. 


Настан #003: Во соработка со Стрип центар – Велес

Датум: 16.11 2017 година (четврток)
Почеток: 11:00 часот 
Место: Ликовен салон - Велес
Модераторка на дебатата: Александра Бубевска

ЈАДРО Асоцијацијата на независната културна сцена Ве поканува на јавна расправа за нацрт-стратегијата за културен развој 2018-2022 во рамките на проектот „Дебати на тема Национална стратегија за култура 2018-2022“.

Излагачи ќе бидат: 

  • Снежана Китанова (Министерство за култура на Република Македонија)
  • Златко Теодосиевски (Претставник на работна група за изработка на Стратегијата за култура 2018-2022)
  • Анита Ивковиќ (ЈАДРО- Асоцијација на независната културна сценa) 
  • Аце Кoцевски (градоначалник на општина Велес (алт.лице од општина Велес)
  • Ване Трајков (извршен директор на Стрип центар на Македонија-Велес) 


    ​По промовирањето на новата работна верзија на на нацрт – стратегијата, ќе следи општа расправа за системската поставеност, главните аномалии, за сегашната поставеност на системот на културни установи и за тоа дали е потребна нова инфраструктура и институција.
   
Проектот го имплементира Јадро – Асоцијација на независна културна сцена во партнерство со своите членки МКЦ – Битола, Стрип центар на Македонија – Велес, Медиа артес Охрид и ИНКА – Струга.  

Настан #001: Во соработка со Младински културен центар – Битола

Датум: 09.11 2017 година (четврток)
Почеток: 12:00 часот 
Место: Сала за презентации во МКЦ – Битола (ул. Цар Самоил бр.29)
Модераторка на дебатата: Александра Бубевска

ЈАДРО Асоцијацијата на независната културна сцена Ве поканува на јавна расправа за нацрт-стратегијата за културен развој 2018-2022 во рамките на проектот „Дебати на тема Национална стратегија за култура 2018-2022“.

Во Битола расправата ќе ја отвори претставник од Министерството за култура, по што ќе следи претставување на подобрената првична верзија на нацрт – стратегијата, како и општа расправа за системската поставеност, главните аномалии, за сегашната поставеност на системот на културни установи и за тоа дали е потребна нова инфраструктура и институции. 

​Во рамки на проектот најавуваме јавни расправи во Велес, Охрид и Струга, како и други градови во Македонија во соработка и организација на ЗГ Транзен од Струмица. Дебатите ќе се рализираат во месец ноември со цел на конструктивно и целисходно вклучување на сите засегнати страни во креирањето на стратегијата за културен развој која треба да биде усвоено во декември 2017 година.

Проектот го имплементира Јадро – Асоцијација на независна културна сцена во партнерство со своите членки МКЦ – Битола, Стрип центар на Македонија – Велес, Медиа артес Охрид и ИНКА – Струга.  

Интензивната јавна расправа со сите засегнати страни ќе се одвива до конечното усвојување на стратегијата на крајот од оваа година.  

Проектот е финансиран од Фондација oтворено општество – Македонија (ФООМ), а се реализира во соработка со Министерството на Култура на Република Македонија. 
----
Realizues të debateve publike janë Asociacioni iPavarur për skenë kulturore JADRO dhe Shoqata për art dhe kulturë TRANZEN Strumicë, financuar nga Fonadcioni Shoqëri e Hapur-Maqedoni dhe USAID, me mbështetje të Ministrisë së Kulturës si dhe partnerët lokalë.