28.02.2018

Уметноста и политичкиот простор во Европа: Сојузи со граѓанското општество и стратегии за соработка - 
​Поинаква Европа повеќе Европа # 2

На 28.02.2018 година, Претседателот на Јадро, Јане Чаловски ќе ја претстави асоцијацијата во друштво од уметници, куратори и теоретичари на културата организирана од Kunstenpunt во соработка со BOZAR од Брисел.

Со оваа втора тркалезна маса за културата во Европа се трудиме да го разбереме вистинскиот политички и општествен контекст во којшто работат уметниците и организациите во централна и југоисточна Европа, но и како ангажираните иницијативи се поврзуваат со граѓанското општество и ги преобмислуваат институционалните модели. Трендовите на национализам и популизам постојат низ цела Европа. Што можеме да научиме едни од други, кои се потребите на уметничките иницијативи во Централна и Југоисточна Европа и како можеме да работиме заедно?

Учесници на програмата се: Милена Драгичевиќ-Шешиќ, Stacion – Центар за современи уметности Приштина (Косово), OFF-biennale Будимпешта, (Унгарија); Istanbul Foundation for Art and Culture IKSV (Турција); Fabrica de Pensule, Члуј-Напока (Романија).


Повеќе информации на следниот линк