МОДЕЛИ НА ЈАВНО-ЦИВИЛНИ ПАРТНЕРСТВА

Loading Events

« All Events

  • This event has passed.

МОДЕЛИ НА ЈАВНО-ЦИВИЛНИ ПАРТНЕРСТВА

август 31

МОДЕЛИ НА ЈАВНО-ЦИВИЛНИ ПАРТНЕРСТВА: НОВ БРАН НА КУЛТУРНИ ПОЛИТИКИ И ПРАКТИКИ ЗА КО-УПРАВУВАЊЕ СО ЗАЕДНИЧКИТЕ ДОБРА

 

Проектот „МОДЕЛИ НА ЈАВНО-ЦИВИЛНИ ПАРТНЕРСТВА: НОВ БРАН НА КУЛТУРНИ ПОЛИТИКИ И ПРАКТИКИ ЗА КО-УПРАВУВАЊЕ СО ЗАЕДНИЧКИТЕ ДОБРА“ вклучува активности коишто ќе опфатат повеќекратно дејствување на Асоцијацијата во насока на промовирање на успешниот модел на ко-управувачки културни институциии и едукација на граѓанскиот сектор за начините на создавање на слични или исти модели во нивните општини.

Причината за дејствување во оваа насока, се наоѓа во нашето практично знаење акумулирано изминатите шест години. За да ги оправдаме нашите мотиви за продолжување на нашите заложби во насока на пренесување на акумулираното знаење, се повикуваме на нашето успешно отворање на пионерскиот модел на хибридна ко-управувачка институција – Културно-социјалниот простор „Центар-Јадро“ Скопје, кој успеавме да го ко-основаме заедно со Општина Центар во Скопје. Освен тоа, идејата за градење на нови модели на културни простори, ја оправдуваме со уште еден успешен пример за ваков простор, а тоа е Културно- социјалниот простор „Подиум-Јадро“ Кавадарци, кој се наоѓа на самиот почеток од неговото формирање. Но, нашите заложби на ова поле не застануваат тука. Работиме на основање на други слични партнерства меѓу граѓанските организации и заедниците на локалната самоуправа, кои ќе ја децентрализираат културата во нашата земја. Симултано на нашите други активности, водиме и преговори за создавање на цивилно-јавна културна установа и во градот Битола.

Со овој проект се дефинира идното дејствување на ЈАДРО Асоцијацијата во полето на културата, преку организирање на: едукативни тематски работилници и стратешки планирања, покренување на дебати и дијалози, работа на истражувачки прашања и издавање на корисни публикации кои ќе служат како есенцијални алатки за другите граѓански органзации кои сакаат да започнат слични партнерства со нивните општини. Приоритетно за нашиот проект е не само јакнењето на капацитетите на организациите-членки на ЈАДРО Асоцијацијата, туку и на сите кои работат во НВО секторот, а им се потребни легислативни, процедурални и застапувачки знаења.

 

*Проектот е поддржан од Министерство за култура на Република Северна Македонија

Details

Date:
август 31
Event Category:

Newsletter

Subscribe to our mailing list