
- This event has passed.
УЧЕСТВУВАМЕ, ЗАСТАПУВАМЕ, МЕНУВАМЕ – демократизација и децентрализација на јавните простори и јавните добра преку нов модeл на институција на јавно-цивилно партнерство
01/06/2018 - 30/06/2018
Во септември 2017 година, после три години интензивна работа се регистрира првата хибридна институција на цивилно-јавно партнерство во земјава меѓу ЈАДРО и Општина Центар од Скопје наречена Културно-социјален простор „Центар-Јадро“. Намерата на проектот „УЧЕСТВУВАМЕ, ЗАСТАПУВАМЕ, МЕНУВАМЕ“ е да ги претстави процесите на застапување во рамки на овој пионерски модел инициран во Скопје, преку серија на јавни презентации, работилници, културни интервенции и дебати, и истовремено во соработка со 5 партнерски организации (МКЦ-Битола, Стрип центар на Македонија-Велес, Љоја-Тетово, Медиа Артес-Орид и ИНКА-Струга) да отпочне процес за развивање на модели со свои локални специфики за формирање на културно–општествени центри во Битола, Велес, Тетово, Охрид и Струга. На тој начин проектот ќе овозможи зацврстување на позицијата на граѓанските организации во културата и поширокиот граѓански сектор на локално ниво и ќе придонесува кон процесите за демократизација и демонополизација на јавната сфера.
26.06.2018 година (вторник)
12:00 – 16:00 часот:
– Утврдување на капацитетите и потребата на независниот културен сектор, младинските организации и иницијативи, и граѓаните за простор земајќи го во предвид социјалниот и културен контекст на градот;
– Мапирање на конкретни потенцијални простори;
– Конкретни планови за преземање на следни чекори во насока на обезбедување на простор преку моделот на цивилно-јавно партнерство.
18:00 – 21:00 часот:
Културни интервенции во јавен простор на членките на ЈАДРО—> Изложба на фотографии од проектот „Урбани уметнички акции“ реализиран од Центарот за современи уметности (ЦАЦ), Скопје; и изложба на стрипови на млади неафирмирани автори со наслов „Во Македонија имало стрип автори“ во организација на Стрип центар на Македонија, Велес.
—> Промоција на изданија од едицијата „Лифт“, и едицијата на сликовници „Во пет кај вртелешките!“ од издавачката куќа „Темплум“. Промотори на изданијата ќе бидат Никола Гелевски и Владимир Јанчевски.
—> Драмско читање на извадок од текстот „Против демократијата“ на авторот Естев Солер во изведба на Јасмина Билаловиќ (Медиа Артес, Охрид), Игор Трпчески (Театарска работилница, Прилеп), Елена Пренџова и Христина Иваноска (Press to Exit, Скопје).
—> Слем вечер со „Поетри слем Македонија“ во изведба на Елена Пренџова и Игор Трпчески.
—> Проекција на филмот „In Danger and Dire Distress the Middle of the Roads Leads to Death” (60 мин.), на германскиот режисер Alexander Kluge, со превод на англиски јазик, а во селекција на Ѓорѓи Пулевски.