BEGIN:VCALENDAR
VERSION:2.0
PRODID:-//Jadro-Centar - ECPv5.16.3.1//NONSGML v1.0//EN
CALSCALE:GREGORIAN
METHOD:PUBLISH
X-WR-CALNAME:Jadro-Centar
X-ORIGINAL-URL:https://jadroasocijacija.org.mk/?lang=en
X-WR-CALDESC:Events for Jadro-Centar
BEGIN:VTIMEZONE
TZID:UTC
BEGIN:STANDARD
TZOFFSETFROM:+0000
TZOFFSETTO:+0000
TZNAME:UTC
DTSTART:20130101T000000
END:STANDARD
END:VTIMEZONE
BEGIN:VEVENT
DTSTART;VALUE=DATE:20130929
DTEND;VALUE=DATE:20131002
DTSTAMP:20261125T151710
CREATED:20210624T143746Z
LAST-MODIFIED:20210625T120229Z
UID:1653-1380412800-1380671999@jadroasocijacija.org.mk
SUMMARY:Исчезнатиот двор
DESCRIPTION:  \nЈадро – асоцијација на независната културна сцена во соработка со Општина Центар\, а со поддршка на Канцеларијата за врски на Гете-Институтот од Скопје\, на 29 септември ја организира целодневната акција насловена „Исчезнатиот двор“. \n„Исчезнатиот двор“ е настан кој има цел да понуди нови можни содржини во локалната заедница\, да стимулира учество на граѓаните во „дизајнирањето” на нов квалитет на секојдневието преку размена на различни социо-културни потреби на животниот стил\, кои се разликуваат од оние понудени од пост-транзициската наезда на владеење со општеството и со капиталот.\nСметаме дека е нужно да се поттикне креативно обмислување на јавниот простор и на заедницата со содржини\, дебата и акција која ги развива културните потреби на граѓаните. Со тоа би сакале да влијаеме на локалните и централните политики коишто се однесуваат на алтернативниот третман на јавниот простор\, бидејќи уметноста и културата се нашите алатки за урбанo ре-социјализирање и ре-дефинирање на градските јадра. \n„Исчезнатиот двор“ е акција со која стремиме да поттикнеме социо-културна и едукативна одговорност во локалната заедница со цел да укажеме на можноста да се создаде градско креативно јадро\, од еден мал дел во Oпштина Центар\, кој во изминатите 22 години е целосно запуштен и испразнет од содржини. Избраната локација\, во соработка со Општина Центар\, по ништо особено специфична\, ја користиме како пример за состојбите кои се насекаде видливи и можат лесно да се аплицираат и во други делови од градот. Овој настан сака да понуди алтернативни урбани стратегии за градење на интерактивна заедница помеѓу граѓаните\, општината и независниот културен сектор. Заедница во која ќе се развиваат секојдневни културни потреби и во која одговорноаста на граѓаните кон содржините на просторот во кој живеат ќе станува сè пообврзна. \nТокму затоа\, од исклучително значење е соработката со Општина Центар\, која\, во нашето искуство\, е суштински стратешка и ретка иницијатива за партнерство помеѓу јавниот и граѓанскиот сектор\, особено помеѓу јавниот и независниот културен сектор. Урбаната заедница „Дане Крапчев“\, која е под ингеренции на Општина Центар\, е простор кој Општината сака да го реанимира\, а што е во дослух со нашата визија за отпочнување процес на создавање креативни урбани јадра\, кои ќе покажат нова вредност во живеењето на граѓаните\, но и во поддршката на иницијативите во продукција на независниот културен сектор. \n„Исчезнатиот двор“ со своите активности ќе ја зголеми свеста за јавното и јавниот (заеднички) простор меѓу локалните и цeнтралните власти\, професионалците и уште поважно\, меѓу локалната заедница на граѓани кон неопходното креирање на алтернативи во урбаното живеење\, претставувајќи нови уметнички проекти кои поттикнуваат учество\, но и воедно внесувајќи веќе постоечки форми на социјализација преку заедничко читање\, разговарање\, игра и размена на содржини. За да го оствариме тоа\, ќе ги користиме капацитетите на независниот културен сектор и преку креирање на алтернативи кон непостоечките културни\, урбани и социјални политики на јавниот простор да инцира интер-секторска соработка меѓу уметниците\, публиката\, професионалците\, локалните и централните власти и да понуди платформа за идно планирање и културни политики. \nПРОГРАМА НА НАСТАНОТ: \n11:00 – 13:00 „Мојот град“ работилница за деца со Христина Иваноска\, Јане Чаловски и Велимир Жерновски\n11:00 – 14:00 „На ти го\, дај ми го“ Турнир во серва со Никола Наумовски\n11:00 – 19:00 „Ментална гимнастика“ играње шах на отворено\n11:00 – 19:00 „Скопје\, какво што е“ целодневен уметнички проект на Ивана Сиџимовска\n11:00 – 22:00 Изложбa на на Стрип центарот од Велес\n12:00 – 13:00 „Интимни разговори“ мапирање и исцртување на потребите на граѓаните/соседите со Искра Гешоска и Владимир Лукаш\n12:00 – 14:00 „Живи библиотеки\, архиви на граѓанската непослушност” кураторски проект на Ивана Васева\, Филип Јовановски и Јованка Попова\n14:00 – 18:00 „Супа од камен“\, перформанс на Христина Иваноска\n17:00 – 18:00 „Интимни разговори“ мапирање и исцртување на потребите на граѓаните/соседите со Искра Гешоска и Владимир Лукаш\n18:00 – 20:00 Презентации на проекти\n18:00 – 18:45 “Скопје расте” – Презентација на Архитектри\n18:45 – 19:10 “Платформа за урбани кујни” – Урбанистичко планирање од горе-надолу – Горан Јанев\n19:10 – 20:00 “Урбан Инкубатор: Белград” – Развој на градот низ културно-социјални активности – Никола Марковиќ\n20:00 – 22:00 Програма со видео проекции:\nfilms4peace\, 20′\, \n\n                        SKРетровизор “Одржувањето на СК2014” – Жарко Настовски (2013)\, 16’04’’\,\n                        SKРетровизор “Парковите во Скопје” – Бојан Стојановски (2013)\, 18’36’’\,\n                        SKРетровизор “Паркингот во Скопје” – Владо Апостолов (2013)\, 21’18’’\,\n                        103 – Љубовно писмо до алтернативната култура – Синиша Евтимов\, Мирко Попов\, Николина Кујача (2013)\, 55’ 
URL:https://jadroasocijacija.org.mk/nastani/%d0%b8%d1%81%d1%87%d0%b5%d0%b7%d0%bd%d0%b0%d1%82%d0%b8%d0%be%d1%82-%d0%b4%d0%b2%d0%be%d1%80/?lang=en
CATEGORIES:Nastani
ORGANIZER;CN="%D0%88%D0%B0%D0%B4%D1%80%D0%BE":MAILTO:jadro.nks@gmail.com
END:VEVENT
END:VCALENDAR