BEGIN:VCALENDAR
VERSION:2.0
PRODID:-//Jadro-Centar - ECPv5.16.3.1//NONSGML v1.0//EN
CALSCALE:GREGORIAN
METHOD:PUBLISH
X-WR-CALNAME:Jadro-Centar
X-ORIGINAL-URL:https://jadroasocijacija.org.mk
X-WR-CALDESC:Events for Jadro-Centar
BEGIN:VTIMEZONE
TZID:UTC
BEGIN:STANDARD
TZOFFSETFROM:+0000
TZOFFSETTO:+0000
TZNAME:UTC
DTSTART:20130101T000000
END:STANDARD
END:VTIMEZONE
BEGIN:VEVENT
DTSTART;VALUE=DATE:20130328
DTEND;VALUE=DATE:20130329
DTSTAMP:20261125T150915
CREATED:20191206T144749Z
LAST-MODIFIED:20191206T144749Z
UID:1158-1364428800-1364515199@jadroasocijacija.org.mk
SUMMARY:Културни политики или список на теснопартиски интереси – критериуми\, приоритети\, механизми на одлучување и финансиска транспарентност
DESCRIPTION:Панелисти на дебатата се: Оливер Белопета\, Роберт Алаѓозовски и Ѓунер Исмаил \nМодераторка: Александра Бубевска \nНа дебатата се поканети да земат учество претставници на Министерството за Култура на Република Македонија\, претставници на политичките партии\, претставници на културните институции\, експерти од областа на културата\, уметници и претставници на независниот културен сектор. \nПовеќе од загрижени сме од континуитетот во занемарувањето на стратешки развојните културни политики во изминатите 20 години чии последици сега уште повеќе ги чувствуваме. Воедно\, засегнати сме од односите на државата кон културата и кон развојот на културните потреби на граѓаните. Релевантните институции\, а во прв ред Министерството за култура веќе 20 години никако не можат или не сакаат да создадат стратешки оправдана културна политика која ќе соодветствува со потребите на нашиот политички и културен контекст\, но и која ќе биде релевантна во поширокото семејство на современи практики во културните политики. Наместо тоа\, со секоја нова политичка номенклатура се креира и нова културна политика која трае колку што трае и екипата која ја создала. Дијапазонот на дејствување на овие културни политики е со краток домет\, без долгорочна визија и со тесни\, често ретроградни интереси. \nВодени од овој проблем решивме заеднички ги повикаме надлежните и засегнатите и да отвориме серија дебати. На тој начин би сакале да придонесеме кон решавање на прашањата на еднаквиот пристап до јавните финансии од културата и креирање јавни културни политики од кои бенефитот ќе го почуствуваат сите културни чинители\, а преку нив и граѓаните на РМ. Веќе 20 години чекаме да се воведе некаков ред во трошењето на јавните пари во културата\, исто колку што чекаме и еднаков пристап до јавните пари за сите актери во културата. \nДискусијата има цел не само да ги постави отворените прашања од областа на функционирањето на јавната културна политика во Македонија\, туку преку критичко размислување на учесниците и претставување на можните решенија особено оние кои веќе функционираат во регионален контекст (Србија\, Хрватска\, Црна Гора) да поттикне и помогне во креирање на подобри и поуспешни културни политики и стратегии на национално ниво и да овозможиме примена на проверени модели кои овозможуваат почист и дефиниран простор за дејствување на актерите на културната сцена. \nПрашањата коишто оваа дискусијата сака да ги покрене се: \n– Како се формулира конкурсот на Министерството за култура\, кои се критериумите според кои се одлучува и кој одлучува?\n– Дали постоечкиот модел на финасирање на сите културни институции (јавни\, независни\, приватни) ги исполнува потребите на своите корисници преку само еден единствен годишен конкурс?\n– Дали е потребно одвојување на апликантите како и буџетските средства кои им се на располагање\, со цел да се обезбеди рамноправна достапност до јавните средства и подигање на транспарентноста во трошењето на истите? Кое е нивото на транспарентност во однос на резултатите на конкурсот? \n\nНастанот е соработка помеѓу ЈАДРО – Асоцијација на независната културна сцена и Здружение на граѓани Плоштад Слобода организиран во рамките на проектот на Плоштад Слобода „Сосед чувар“.
URL:https://jadroasocijacija.org.mk/nastani/%d0%ba%d1%83%d0%bb%d1%82%d1%83%d1%80%d0%bd%d0%b8-%d0%bf%d0%be%d0%bb%d0%b8%d1%82%d0%b8%d0%ba%d0%b8-%d0%b8%d0%bb%d0%b8-%d1%81%d0%bf%d0%b8%d1%81%d0%be%d0%ba-%d0%bd%d0%b0-%d1%82%d0%b5%d1%81%d0%bd%d0%be/
CATEGORIES:Novosti
ORGANIZER;CN="%D0%88%D0%B0%D0%B4%D1%80%D0%BE":MAILTO:jadro.nks@gmail.com
END:VEVENT
END:VCALENDAR