BEGIN:VCALENDAR
VERSION:2.0
PRODID:-//Jadro-Centar - ECPv5.16.3.1//NONSGML v1.0//EN
CALSCALE:GREGORIAN
METHOD:PUBLISH
X-WR-CALNAME:Jadro-Centar
X-ORIGINAL-URL:https://jadroasocijacija.org.mk
X-WR-CALDESC:Events for Jadro-Centar
BEGIN:VTIMEZONE
TZID:UTC
BEGIN:STANDARD
TZOFFSETFROM:+0000
TZOFFSETTO:+0000
TZNAME:UTC
DTSTART:20120101T000000
END:STANDARD
END:VTIMEZONE
BEGIN:VEVENT
DTSTART;VALUE=DATE:20121206
DTEND;VALUE=DATE:20121209
DTSTAMP:20261125T151113
CREATED:20191126T113309Z
LAST-MODIFIED:20200114T163301Z
UID:1057-1354752000-1355011199@jadroasocijacija.org.mk
SUMMARY:Оправдано присутни- Искуства на слободата
DESCRIPTION:Оправдано присутни – искуства на слободата е тридневна акција во рамки на која Јадро ќе направи своевидно резиме на активностите\, продукцијата и улогата на независниот културен сектор во Република Македонија. Со овој настан членовите на Јадро\, но и сите останати претставници на независниот културен сектор кои се вклучени во градењето на исклучително важен сегмент од социо-културниот контекст\, ќе потсетат дека низ искуството на слободата и низ својата посветена работа\, успеале да остават печат и да влијаат врз демократизацијата на културата\, уметноста и општетсвото. Независниот културен сектор е оправдано присутен иако не доволно поддржан од креаторите на политики во независна Македонија. Затоа\, овој тридневен настан го гледаме и како јавен застапувачки чин во битката за опстојувањето на независниот културен сектор.\nНа овој настан ќе биде промовирана работата на членките на ЈАДРО коишто се дел од Независната културна сцена во Република Македонија. На настанот покрај програмските активности\, големо внимание ќе биде посветено на градењето и прикажувањето на архивата на организациите и индивидуалците вклучени во ЈАДРО коишто во изминативе 20тина години активно работат на независната сцена. \nПРОГРАМА НА НАСТАНОТ \n6 декември 2012 (четврток) \n20:30 – 22:00\n• Претставување на ЈАДРО – Асоцијација на независната културна сцена\n• Настап на Распеани скопјани\n• Тура низ 20 годишното постоење на независната културна сцена\n• Музика Мирко Попов \n7 декември 2012 (петок) \n11:00 – 14:00 Работилница* за секого “Импровизација во перформанс” со Кире Миладиноски\n18:00 – 20:00 Презентации на проекти на З.У. Продукција\, Скопје\n20:00 – 21:00 “Барајќи го зборот”\, поетско читање конципирано од Рамадан Рамадани\n21:00 – 23:00 “Вкусови на слободата”\, готвење во живо конципирано од ХНУ (Истражувачко студио за храна\, наука\, уметност)\n21:00 – 00:00 Слушачка промоција на новиот албум на PMG Kolektiv – “Klan secular” [PMGRecordings079] \n8 декември 2012 (сабота) \n13:00 – 15:00 Работилница* за секого “Креирање културни програми за заедниците: подготовка\, финансирање и реализација на културен проект” со Никола Писарев и Виолета Качакова\n17:00 – 18:00 Презентација на проекти на Тиит!\n18:00 – 20:00 “5 минути независност”\, перформативен настан конципиран од Ивана Васева\, Филип Јовановски и Јованка Попова во контекст на просторната инсталација „За независните – според вистински приказни“\, авторски проект на Христина Иваноска и Јане Чаловски\n20:00 – 21:00 “Ментално едрење низ јавниот простор\, цивилноста\, насилството и активизмот”\, разговор со Ирена Цветковиќ и Жарко Трајаноски\n21:00 – 23:00 “Вкусови на слободата”\, готвење во живо конципирано од ХНУ (Истражувачко студио за храна\, наука\, уметност)\n21:00 – 00:00 Аудио колаж: “Канал 103 – 20 години слободни” со Давид Ангелевски и Ѓорѓи Јаневски \nВо собата за приказни ќе биде поставена просторната инсталација „За независните – Според вистински приказни“\, авторски проект на Христина Иваноска и Јане Чаловски. Околу инсталацијата ќе биде распространета видео и печатената архива на независната културна сцена. Во видео аголот преку целиот ден ќе се прикажува избор на видеа во селекција на Локомотива\, Лајн иницијатива и движење\, Проектен простор прес ту егзит\, Контрапункт и филмот “Ако никој не свири” на Ѓорѓи Јаневски. Низ просторот ќе бидат претставени: Кооперација\, Стрип центар на Македонија – Велес\, Билјана Клекачкоска и Бојана Грујовска.
URL:https://jadroasocijacija.org.mk/nastani/%d0%be%d0%bf%d1%80%d0%b0%d0%b2%d0%b4%d0%b0%d0%bd%d0%be-%d0%bf%d1%80%d0%b8%d1%81%d1%83%d1%82%d0%bd%d0%b8-%d0%b8%d1%81%d0%ba%d1%83%d1%81%d1%82%d0%b2%d0%b0-%d0%bd%d0%b0-%d1%81%d0%bb%d0%be%d0%b1%d0%be/
CATEGORIES:Novosti
ORGANIZER;CN="%D0%88%D0%B0%D0%B4%D1%80%D0%BE":MAILTO:jadro.nks@gmail.com
END:VEVENT
END:VCALENDAR