BEGIN:VCALENDAR
VERSION:2.0
PRODID:-//Jadro-Centar - ECPv5.16.3.1//NONSGML v1.0//EN
CALSCALE:GREGORIAN
METHOD:PUBLISH
X-WR-CALNAME:Jadro-Centar
X-ORIGINAL-URL:https://jadroasocijacija.org.mk/?lang=en
X-WR-CALDESC:Events for Jadro-Centar
BEGIN:VTIMEZONE
TZID:UTC
BEGIN:STANDARD
TZOFFSETFROM:+0000
TZOFFSETTO:+0000
TZNAME:UTC
DTSTART:20180101T000000
END:STANDARD
END:VTIMEZONE
BEGIN:VEVENT
DTSTART;VALUE=DATE:20180601
DTEND;VALUE=DATE:20180701
DTSTAMP:20261125T151734
CREATED:20210624T134559Z
LAST-MODIFIED:20210630T134927Z
UID:1609-1527811200-1530403199@jadroasocijacija.org.mk
SUMMARY:УЧЕСТВУВАМЕ\, ЗАСТАПУВАМЕ\, МЕНУВАМЕ – демократизација и децентрализација на јавните простори и јавните добра преку нов модeл на институција на јавно-цивилно партнерство EN
DESCRIPTION:Во септември 2017 година\, после три години интензивна работа се регистрира првата хибридна институција на цивилно-јавно партнерство во земјава меѓу ЈАДРО и Општина Центар од Скопје наречена Културно-социјален простор „Центар-Јадро“. Намерата на проектот „УЧЕСТВУВАМЕ\, ЗАСТАПУВАМЕ\, МЕНУВАМЕ“ е да ги претстави процесите на застапување во рамки на овој пионерски модел инициран во Скопје\, преку серија на јавни презентации\, работилници\, културни интервенции и дебати\, и истовремено во соработка со 5 партнерски организации (МКЦ-Битола\, Стрип центар на Македонија-Велес\, Љоја-Тетово\, Медиа Артес-Орид и ИНКА-Струга) да отпочне процес за развивање на модели со свои локални специфики за формирање на културно–општествени центри во Битола\, Велес\, Тетово\, Охрид и Струга. На тој начин проектот ќе овозможи зацврстување на позицијата на граѓанските организации во културата и поширокиот граѓански сектор на локално ниво и ќе придонесува кон процесите за демократизација и демонополизација на јавната сфера. \n \nВо рамки на проектот предвидени се еднодневни јавни настани во Тетово\, Битола\, Велес\, Охрид и Струга каде членките на ЈАДРО ќе имаат можност да направат претставување на нивните активностите и продукцијата\, со што ќе се претстави улогата на независниот културен сектор во Република Македонија.\n\n\nНастан #002: Во соработка со Младински културен центар – Битола\n\n26.06.2018 година (вторник)\n\n\n\nПрограма на настанот во Битола во рамките на програмата на фестивалот Битола оворен град 2018 на 26.06.2018 (вторник):\n\n12:00 – 16:00 часот:\nРаботилница за демократизација и децентрализација на јавните простори и јавните добра преку нов модел на институции и јавно-цивилно партнерство.\nМодератори: Искра Гешоска и Јане Чаловски.\nЛокација: сала за презентации во МКЦ – Битола.\n\nНа работилницата добредојдени се сите граѓански организации\, формални и неформални групи\, уметници и младински работници кои активно работат во Битола и имаат потреба од решавање на прашањето за простори.\n\nЦел на работилницата:\n– Утврдување на капацитетите и потребата на независниот културен сектор\, младинските организации и иницијативи\, и граѓаните за простор земајќи го во предвид социјалниот и културен контекст на градот;\n– Мапирање на конкретни потенцијални простори;\n– Конкретни планови за преземање на следни чекори во насока на обезбедување на простор преку моделот на цивилно-јавно партнерство.18:00 – 21:00 часот:Културни интервенции во јавен простор на членките на ЈАДРО\n\nЛокација: пред Центар за култура – Битола.—> Изложба на фотографии од проектот „Урбани уметнички акции“ реализиран од Центарот за современи уметности (ЦАЦ)\, Скопје; и изложба на стрипови на млади неафирмирани автори со наслов „Во Македонија имало стрип автори“ во организација на Стрип центар на Македонија\, Велес. \n—> Промоција на изданија од едицијата „Лифт“\, и едицијата на сликовници „Во пет кај вртелешките!“ од издавачката куќа „Темплум“. Промотори на изданијата ќе бидат Никола Гелевски и Владимир Јанчевски. \n—> Драмско читање на извадок од текстот „Против демократијата“ на авторот Естев Солер во изведба на Јасмина Билаловиќ (Медиа Артес\, Охрид)\, Игор Трпчески (Театарска работилница\, Прилеп)\, Елена Пренџова и Христина Иваноска (Press to Exit\, Скопје). \n—> Слем вечер со „Поетри слем Македонија“ во изведба на Елена Пренџова и Игор Трпчески. \n—> Проекција на филмот „In Danger and Dire Distress the Middle of the Roads Leads to Death” (60 мин.)\, на германскиот режисер Alexander Kluge\, со превод на англиски јазик\, а во селекција на Ѓорѓи Пулевски.
URL:https://jadroasocijacija.org.mk/nastani/%d1%83%d1%87%d0%b5%d1%81%d1%82%d0%b2%d1%83%d0%b2%d0%b0%d0%bc%d0%b5-%d0%b7%d0%b0%d1%81%d1%82%d0%b0%d0%bf%d1%83%d0%b2%d0%b0%d0%bc%d0%b5-%d0%bc%d0%b5%d0%bd%d1%83%d0%b2%d0%b0%d0%bc%d0%b5/?lang=en
CATEGORIES:Nastani
ORGANIZER;CN="%D0%88%D0%B0%D0%B4%D1%80%D0%BE":MAILTO:jadro.nks@gmail.com
END:VEVENT
END:VCALENDAR