
ВИЗИЈА
ЈАДРО – Асоцијација на независната културна сцена верува во придонесот на независниот културен сектор кон демoкратизацијата на општеството како одржлив, видлив и влијателен општествен и политички фактор, кој проактивно учествува во социо-културните процеси во Македонија.
МИСИЈА
ЈАДРО – Асоцијација на независната културна сцена се застапува за заедничко и здружено застапување на актерите на независниот културен сектор, преку создавање на критички и конструктивен дјалог со цел воведување на прогресивни, инклузивни и демократски политики во сферата на културата и во поширокиот граѓански сектор.
Специфични цели
- Програмско поврзување и соработка на независните и непрофитни дејствувачи и иницијативи во културата од Република Македонија, од регионот и на меѓународен план;
- Зголемување на членството и јакнење на капацитетите на членовите преку размена на знаења, искуства, програмски активности и соработка на локално рамниште;
- Учество во утврдувањето културни политики на локално и на централно рамниште;
- Обезбедување фонд за стабилно функционирање и промоција на независниот културен сектор.

ЦЕЛИ И ДЕЈНОСТИ
- Асоцијацијата е инклузивна, партиципативна и застапувачка платформа која се стреми да го зајакне независниот културен сектор и неговото влијание врз креирањето и практикувањето на културните политики со цел да ја поттикне демократизација во културата и во општеството.
- Асоцијацијата се раководи од визијата за силен граѓански фактор во креирањето и во спроведувањето културни политики на локално и на национално рамниште.
- Асоцијацијата се залага за обезбедување поширока видливост на независниот културниот сектор, децентрализација на културното производство, развој на алтернативни културни практики и на младински инцијативи.
- Асоцијацијата работи според принципите на еднаквост, транспарентност, партиципативност и интеркултурен дијалог.