Настани
Иницијатива за формирање хибридна независна културна институција
ЈАДРО – Асоцијација на независната културна сцена, покренува иницијатива за формирање на мешовита установа, хибридна институција која ќе биде првиот пример за јавно-цивилно партнерство во Македонија.
Нашата филозофија

Зборот култура, етимолошки, подразбира негување. А негувањето подразбира не само чување туку и развивање, макотрпно зреење и надградување однатре, на план на содржина, формати и модели на дејствување. Културата е сложена општествена практика која се бави со естетските, уметничките и политичките артикулации на секојдневието и на историјата.

Независниот културен сектор е оној општествен седимент кој постои како мрежа, како пајажина која ризоматски се шири низ разни релации во општеството, во политичкото, во еснафот, пријателски навлегувајќи во солидарна акција со другите еснафи.

Оддликите на ЈАДРО се заедништвото, солидарност и соработката со заедницата во процесите на создавањето нови прогресивни социо-културолошки вредности. Сите проектни и застапувачки активности на асоцијацијата се однесуваат на градење дијалог со заедницата на граѓани на која сите припаѓаме. Една од клучните заложби на асоцијацијата е да се продолжи со развојот…

Формирањето на мешовита установа, хибридна институција е првиот пример за јавно-цивилно партнерство кај нас. Со оваа иницијатива сакаме да ги редефинираме економските, политичките, културните и останатите потреби на секторот, но и функциите и структурите инхерентни на промената на политичкиот дискурс, кој гарантира поголем демократски капитал. Имаме потреба од место, фокус…