Формирањето на мешовита установа, хибридна институција е првиот пример за јавно-цивилно партнерство кај нас. Со оваа иницијатива сакаме да ги редефинираме економските, политичките, културните и останатите потреби на секторот, но и функциите и структурите инхерентни на промената на политичкиот дискурс, кој гарантира поголем демократски капитал. Имаме потреба од место, фокус каде што слободно ќе се изразува урбаниот живот, современите социо-културни практики, простор кој ќе создава автономни, само-организирани содржини, содржини кои ќе го артикулираат нашиот урбан, интелектуален, критички и творечки капитал. Институција која е стабилна, автономна константа на развиток.

Овој модел е втемелен на партнерство помеѓу локалната власт и граѓанската мрежа, составена од организации, поединци и неформални групи. Преку кој настанува суштинска децентрализација на моќта и обезмоќување на досегашните практики на партиски влијанија. Тоа е единстевниот пат кон создавање на организациска и програмска автономија во дејствувањето во сферата на културата во рамки на граѓанскиот секотор но и пошироко.

Физичкиот простор во материјалната структура на градот секогаш претставува важна но и невралгична точка на секое културно и уметничко настојување. Тој има и исклучително битна улога на симболичко рамниште, односно во производството и комуницирањето на значењата кои циркулираат во динамичната промена на општествените и политичките текови.


Овој вид на установи на нов начин му пристапуваат
на просторот и на начинот на неговото користење, неговото програмирање (разноликост, инклузивност, а не единственост, униформност и ексклузивност), и, пред сè, промовираат нов модел на управување, кој подразбира соработка, заедништво, јавна одговорност, а кој води кон предзнакот на демократски управувачки модел. Ваквиот модел на институции се од исклучителна важност за културниот развој, но и за образованието, развојот на критичката култура и новите облици на создавање социо-културни заедници.

Newsletter

Subscribe to our mailing list