Зборот култура, етимолошки, подразбира негување. А негувањето подразбира не само чување туку и развивање, макотрпно зреење и надградување однатре, на план на содржина, формати и модели на дејствување. Културата е сложена општествена практика која се бави со естетските, уметничките и политичките артикулации на секојдневието и на историјата.

Еден од клучните знаци дека културата почнала да трасира некои поинакви дискурзивни и дејствени практики е нејзината децентрализација. Но, децентрализација на моќта за одлучување, пред сè. Токму тоа е онаа најважната мисија на независниот културен сектор – да ја демонополизира распределбата на моќ во сферата на социо-културниот контекст.

Newsletter

Subscribe to our mailing list